Почитувани средношколци,
Кога го започнавме овој проект во 2017 година очекувањата не беа ни големи, ни мали, од проста причина што се уште не беше позната реакцијата на младите на ваков тип конкурс. Како иновативен модел на конкурс, немавме очекувања ниту за бројноста на есеи кои би пристигнале, а ниту пак за начинот и нивото на кое средношколците се изразуваат.
Од 2017 година, кога првпат се одржа конкурсот, досега имаме објавено три изданија од публикацијата „Средношколски размислувања“ со 611 есеи напишани од 483 средношколци. Годинава нашата цел беше да направиме место во нашата збирка есеи за најмалку 300 средношколци, но пристигнатите есеи ги надминаа нашите очекувања. Ние имавме зададено шест теми, а средношколците можеше да пишуваат и на слободна тема. Годинава пристигнаа вкупно 555 есеи:
Целта на овој конкурс беше да создадеме платформа каде средношколците ќе можат да ги споделат своите ставови без страв и притисоци. Воедно, сакаме да слушнеме што тие имаат да кажат за средината во која живееме, за нивната визија за иднината и за нивните стремежи да го направат светот поубаво место за живеење. Есејот е форма која им овозможува на младите на слободен начин да ги искажат нивните ставови и размислувања на одредена тема која им е соодветна и блиска.
Нашиот универзитет е застапен на социјалните мрежи и можеме да кажеме дека таму можат да се видат многу оригинални идеи. Тикток, Фејсбук и Инстаграм изобилуваат со неверојатни идеи кој имаат потенцијал да се имплементираат во многу сектори. Во моментов средношколците, освен социјалните мрежи, немаат многу медиуми преку дополнително кои би се изразиле. Тоа е нешто што сакаме да го промениме и преку организација на конкурсот да ги мотивираме младите да ги споделуваат своите идеи и да се изразуваат и надвор од социјалните мрежи.
Ваквиот конкурс ја враќа самодовербата кај младите дека нивниот труд ќе биде валоризиран и промовиран. На младите кои почнуваат да чекорат во нивните непознати академски води најпотребна им е мотивацијата и насоката за тоа во што да се реализираат во понатамошниот живот. Есеите можеби се само еден сегмент од нивната насоченост, но се доволен мотиватор да продолжат да ги следат нивните соништа.
Сакаме да потенцираме дека конкурсот ќе донесе позитивна атмосфера не само помеѓу учениците, туку и помеѓу нивните ментори кои им помагаат и им даваат упатства како подобро да се подготват за учеството. Менторот, кој во најчест случај е долгогодишен професор на тој кандидат и го познава неговиот талент или дарба, може најдобро да го насочи својот студент да ја следи својата насока и својот животен пат.
Најважните резултати од овој конкурс се позитивните искуства на секој учесник. Конкурсот беше отворен во време кога сите средношколци беа дома поради ситуацијата со корона вирусот, овозможувајќи им да продолжат да работат на своите вештини од нивните домови. Некои од средношколците можеби го пронајдоа својот талент во пишувањето па тоа ќе им стане професија, некои од нив можеби само уште повеќе ќе се мотивираат да изберат една од струките поврзани со темата за која што се изразувале во есејот, а некои можеби само ќе го пробијат мразот и стравот кој го чувствувале во врска со пишувањето. Придобивките се многубројни, но едно можеме да констатираме, а тоа е дека конкурсот дава надеж за младите генерации кои повторно се враќаат кон пишаниот збор со цел изразување на нивните мисли и идеи.
м-р Михаела Ѓорчева
уредник, автор на проектот
Менторите на сите учесници во конкурсот ќе добијат сертификати. Дополнително, учесниците во табелата подолу добиваат:
Магдалена Трајческа | Марија Филипова | Михајло Зарески |
Јана Глигороска | Николче Ангеловски | Душко Јанев |
Елена Ефтимова | Зорица Нацева | Сара Левиќ |
Мила Николова | Симона Георгиева | Ивона Карафиловска |
Ангела Дуковска | Марија Велинова | Теодора Трајкова |
Емилија Карафилоска | Камелија Митрова | Бранкица Глигорова |
Петар Пресилски | Александар Стојановиќ | Ивана Христова |
Дамјан Златановски | Мелинда Великовска | Ангела Милошевска |
Ана Трпевска | Катерина Попчевалиева | Елена Карчичка |
Стефанија Чобанова | Ангела Пандовска | Викторија Андонова |
Марија Христовска | Сергеј Петрушески | Матеа Шутарова |
Мери Дамеска | Марија Јовановска | Лина Николовска |
Анастасија Анѓеловска | Теодора Видеска | Тамара Христовска |
Бојана Спасовска | Симона Срезовска | Габриела Христовска |
Давид Ангеловски | Јована Мечева | Ангела Димова |
Клементина Аврамовиќ | Перица Илиевски | Елизабета Иванова |
Андреа Колева | Станела Гацова | Константина Цветаноска |
Тамара Насевска | Ивона Марковска | Стојанче Илков |
Меланија Атанасовска | Златка Петрова | Викторија Михајловска |
Леона Јариќ | Зорица Ѓоргиева | Ангела Димовска |
Теодора Костова | Мила Василеска | Галена Мирческа |
Бојана Стојанова | Лука Лаковски | Сара Кироска |
Михаела Талеска | Мирјана Чавдарова | Бојана Коцева |
Ангела Дерменџиева | Дарко Ставрев | Менче Јовановска |
Невенка Дишева | Теодора Тодорова | Елена Пешевска |
Сара Џелили | Вероника Димоска | Тијана Огњаноска |
Софија Андонова | Ерол Мустафовски | Бојана Николова |
Ева Илиеска | Мима Војновска | Ребека Иванова |
Сара Ѓорѓиевска | Ангела Атанасовска | Ана Марија Благојевска |
Никола Гиевски | Викторија Петковска | Јована Денковска |
Милена Камчева | Сандра Андонова | Марта Трајковска |
Јована Милошеска | Викторија Манева | Радица Велкова |
Стефан Маркоски | Јована Стојчева | Ангела Петрова |
Љубица Ѓорѓиева | Александра Атанасовска | Марија Лазарева |
Моника Тодорова | Ребека Костова | Драгана Саздова |
Далибор Петрушевски | Јована Котеска | Елисавета Алиќ |
Бојана Митовска | Катерина Гонева | Зоран Митревски |
Памелија Лазарова | Јована Костадиновска | Теодора Денковска |
Симона Наскова | Стефан Коцев | Михаил Стевковски |
Викторија Младеновска | Мануела Пелтековска | Иван Арсов |
Јана Настова | Сатја Александар Давитков | Станиша Станковиќ |
Евгенија Пауновска | Кате Бехлимова | Сања Дамеска |
Дамјан Блажевски | Деспина Миланова | Јована Илиевска |
Анастазија Димова | Анастасија Илиева | Никола Петрушевски |
Симеон Наловски | Магдалена Ѓорѓиева | Наде Беловинова |
Анастасија Пешевска | Искра Диванисова | Драгана Богоевска |
Благица Христовска | Виктор Ѓорѓиева | Ивона Секуловска |
Јована Сердарска | Емилија Симјановска | Петар Цветаноски |
Стефан Вељановски | Дајана Пандова | Халида Дилеска |
Филип Крстевски | Ангела Ѓоргиева | Стефанија Ѓорѓиевска |
Даниела Николовска | Викторија Маџовска | Ана Марија Јанкова |
Ивона Спасовска | Викторија Саздовска | Роза Милкова |
Антонела Ставровска | Магдалена Антовска | Симеон Матески |
Ивана Димитрова | Викторија Јованоска | Дафина Веселиноска |
Евгенија Велиновска | Викторија Костевска | Ангелина Димковска |
Ивона Георгиева | Симона Василевска | Стефанија Трајкоска |
Цветанка Џонова | Марио Петров | Душан Стевановски |
Иван Шпритов | Петрина Станковска | Тамара Звонковиќ |
Сандра Лазовска | Симона Јованова | Ивана Спасовска |
Мартина Иваноска | Габриела Костевска | Ана Диневка |
Мила Пеликон | Росана Карапуцева | Ивона Смиљковска |
Сара Иванова | Марија Солеска | Јана Игнатова |
Славенија Поповска | Бисера Василевска | Рада Чоп |
Бојан Гиноски | Јулија Долевска | Ана Маркоска |
Моника Јовановска | Ивона Дронова | Антониа Радевска |
Тиме Крстев | Елисавета Ристова | Цветанка Спасова |
Магдалена Марковска | Елена Кузмановска | Ана Марија Тенџеревска |
Миливоје Милосављевиќ | Јована Томовска | Јован Стојковски |
Бојана Трајкова | Теона Панчевска | Петар Малиновски |
Катерина Кирова | Викторија Петреска | Кудрет Феризи |
Николоја Костенарова | Ана Славевска | Констанца Билбиловска |
Лина Рангелова | Цветанка Билбилоска | Алма Феризи |
Сара Бениќ | Јована Мискоска | Андреј Каланоски |
Деспина Вангелова | Марија Дамевска | Фиторе Рррамани |
Ангела Бушеска | Томислав Павлоски | Наталија Ташкова |
Берна Асанова | Христијан Нашуловски | Александра Анѓеловиќ |
Елена Цветаноска | Васко Стојанов | Ања Реџовска |
Теона Кировска | Каја Пановска | Божица Јакимова |
Зоран Трајковски | Леонора Костадинова | Самира Асанова |
Михаела Костовска | Михаела Николовска | Анастасија Илиева |
Валерија Ефремова | Ива Танческа | Леонид Јовановски |
Елена Пирковска | Ана Николоска | Пантелејмн Трпчевски |
Климент Шиникоски | Маринела Стоилковска | Јована Неделковска |
Фросина Кекеновска | Анастасија Величковска | Ана Марија Гошева |
Ангела Јакимовска | Мила Ѓорѓевска | Христина Петковска |
Зорица Узунова | Елена Јанева | Михаела Стефановска |
Магдалена Алексовска | Евгенија Крстевска | Христина Костовска |
Антонија Тодоровска | Мелани Цветковска | Марија Стојановска |
Ема Атанасовска | Анастасиа Талева | Тијана Гичова |
Ана Софеска | Тамара Трајановска | Ана Кристина Стамкова |
Симона Ризовска | Борјан Зенделов | Грациела Јованова |
Наталија Василевска | Моника Блажевска | Викторија Митева |
Сара Николова | Марија Митревски | Ана Марија Наумовска |
Ева Кузмановска | Ангела Ризовска | Мартина Шахинова |
.Наташа Михајловиќ | Андреј Бојковски | Сандра Недановска |
Марија Митровска | Марија Петрушева | Јована Божиновска |
Ива Олтовска | Марија Тасеска | Моника Јордановска |
Ивана Мирчевска | Лелја Фејзи | Давид Михаиловски |
Клаудија Стаменова | Ангела Нојковиќ | Ненад Нушев |
Наталија Котевска | Марија Јовановска | Мила Андоновиќ |
Сандра Илиевска | Ангела Радмановиќ | Теодора Црвенкоска |
Мартина Кралева | Jelida Shabani | Алексеј Дерменџиев |
Стефанија Цветковска | Бојана Смилевска | Надица Бајрактарова |
Јована Стефанова | Клара Митевска | Ведрана Петрова |
Сара Карајкова | Анастасија Стевановска | Симона Страшевска |
Бојан Јакимовски | Душица Неделкоска | Теодора Блажевска |
Марија Митева | Тијана Ефремова | Моника Тасескa |
Емилија Сотировска | Елена Наумовска | Елена Давитковска |
Марко Инѓилизов | Мартина Даналовска | Лука Радуловиќ |
Стефанија Ангеловска | Ивона Ефтимова | Радица Златева |
Ева Кирова | Констанца Споа | Христијан Петрушевски |
Јована Костадиновска | Јоана Илиевска | Елена Мијоска |
Теона Ацеска | Едон Рамадани | Марија Јанчевска |
Комисија:
м-р Михаела Ѓорчева, уредник, автор на проектот, претседател на комисија
д-р Соња Ризоска Јовановска, заменик претседател на комисија
м-р Кирил Трајчев, заменик претседател на комисија
виш лектор м-р Јасмина Пресилска, член на комисија
д-р Катерина Видова, член на комисија
м-р Сања Данева, член на комисија
Сара Велковска, преведувач по албански јазик,
Ивана Спасева, менаџер на издавачка дејност – Меѓународен центар за славјанска просвета, член на комисија
Маја Маријана Панајотова, член на комисија
Ангела Динева, член на комисија
Годинава промоцијата на онлајн изданието „Средношколски размислувања 4“ ќе се одржи онлајн. Промоцијата ќе се одржи на 24 мај во 12:00 часот.
Наградите ќе им бидат доставени на сите наградени учесници.
Сите учесници ќе бидат контактирани на електронската адреса која ја имаат оставено за да добијат линк за онлајн промоцијата и насоки за врачување на наградите.
Издавачката куќа на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Меѓународен Центар за Славјанска Просвета – Свети Николе распишува
за најдобри средношколски есеи на следниве теми:
Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2020 година.
Бараме оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.
Насловите на темите се дадени само како насоки за авторот. Може да давате аргументи за и против, може да се согласувате и да не се согласувате со дадените теми. Во оформување на идејата (и колку апстрактна таа ќе биде) можете да имате целосна слобода. Важно е да се чувствувате слободни и сигурни во тоа што го пишувате.
1. Кој може да се пријави?
На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Северна Македонија со неограничен број на есеи.
2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?
Есејот треба да биде напишан на македонски, албански, англиски јазик или кој било јазик на малцинствата во Република Северна Македонија и да ги исполнува следниве услови:
3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?
Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, да бидат истакнати следниве податоци:
4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?
Конкурсот ќе трае од 15 март до 10 мај 2020 година.
5. Каде се испраќаат материјалите?
Есеите можете да ги прикачите во електронската пријава која е дадена подолу на оваа страница.
6. Награди
Предвидени се специјални награди за
За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.
7. Критериуми
Важно е есејот да ги задоволува техничките барања кои се наведени во конкурсот. Ова ќе биде првата фаза на елиминација.
Сите есеи што ќе ја поминат првата фаза ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:
Организаторот ги задржува правата да го направи изборот на есеи кои ќе бидат објавени во збирката. Организаторот може да не објави.
8. Објавување на резултатите
Резултатите ќе бидат објавени на оваа страница на 18 мај 2020, најдоцна до 12:00 часот.
9. Доделување на наградите
Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот. Сите ученици кои имаат испратено есеј ќе добијат покана за доделувањето на наградите.
Истовремено ќе се одржи и промоција на публикацијата насловена „Средношколски размислувања“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.
За дополнителни прашања обратете ни се на следнава електронска адреса: esei@msu.edu.mk
*Конкурсот е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |