Каратистката Пулексенија Јованоска, воедно и студентка на Факултетот за економија и организација на претприемништво на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, се врати со петто место од Европското првенство за сениори 2019 во Гвадалахара, Шпанија од 28 до 31 март 2019 година.
Јованоска, натпреварувачка во кати, беше пласирана на петтото место и само 0,6 поени ја делеа од бронза, која припадна на Франција.
Ова е најдобар пласман за Република Северна Македонија во натпреварите во кати. Успесите на нашите студенти претставуваат успеси и за нас како високообразовна институција!
Квалификациите ги помина со три добиени борби со најдобри бодови во група.