На 03 и 04.12. 2018 година во Белград, Србија, во организација на Центарот за национална и меѓународна безбедност од Белград, се случија два настани:
Првиот настан го отвори г-дин Ивица Дачиќ, Заменик премиер на Р.Србија и Министер за надворешни работи а свои обраќања имаа и г-дин. Александар Антиќ, Министер за рударство и енергетика и Проф. д-р Владимир Маринковиќ, Заменик претседател на Собранието на Р.Србија.
Вториот настан го отвори г-дин Небојша Стефановиќ, Министер за внатрешни работи на Р. Србија.
Покрај нив на овие два настани учество земаа и еминентни меѓународни експерти од различни области, меѓу кои:
Проф. д-р Жанг Жаоан, потпретседател на ССС, претставник на Националниот народен конгрес, НР Кина.
Проф. д-р Зоран Драгишиќ, пратеник во Собранието на Република Србија, редовен професор, продекан на Факултетот за безбедносни студии Универзитет во Белград, Белград, Србија.
Проф. д-р Чи Лиангпинг, Професор истражувач, поранешен директор на Институтот за економија на НР Кина.
Проф. д-р ТАНГ Јуни: Директор за комуникации на ССС, Професор истражувач
Проф. д-р Чен Јианксун : Вонреден Професор истражувач на Институтот за национална економија, САСС, НР Кина.
Проф. д-р Лилијана Попеску , редовен професор, Проректор во Националната школа за политички и административни студии, Букурешт, Романија.
Проф. д-р Џон М. Номикос, директор на Истражувачкиот институт за европски и американски студии, Атина, Грција
Проф. д-р Дарко Трифуновиќ, виш научен соработник, директор на Центарот, Белград, Србија.
Проф. Д-р Марко Ломбарди, Редовен професор, директор на истражувачкиот центар ITSTIME на Католичкиот универзитет Свето срце, Милано, Италија.
д-р Ефрем Лапид, бригаден генерал (рес.), Предавач по политички науки на Универзитетот Бар-Илан, Тел Авив, Израел.
Проф. д-р Никола Таниќ, Редовен професор, Биолошки факултет, Универзитет во Белград, Србија.
Проф. д-р Ивица Радовиќ, редовен професор, поранешен декан на Факултетот за безбедносни студии Универзитет Белград, Белград, Србија.
Проф. д-р Јасмин Ахиќ, вонреден професор Продекан за наука, Факултет за кривична правда и безбедност, Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина.
д-р Орхан Драгаш, директор на Институтот за меѓународна безбедност, Белград, Србија.
Проф. д-р Бранислав Тодоровиќ, виш научен соработник во НТУА – Национален технички универзитет во Атина, Атина, Грција.
Флавиј Космин Халаеску, Советник на амбасадорот, Амбасада на Романија во Србија
На овие два настани свои обраќања и презентации имаше и Проф. д-р Васко Стамевски, професор на Факултетот за правни науки при МСУ Г.Р.Державин , Св.Николе, на теми поврзани со овие два настани: „Macedonian perspective on One Belt One Road Initiative“ и „Security – a science or study program“.
На маргините на овие два настани, беше потпишан и Договор за соработка, помеѓу „МСУ Г.Р. Державин“ и „Центарот за национална и меѓународна безбедност“ од Белград застапуван од директорот, Проф. д-р Дарко Трифуновиќ и Проф. д-р Васко Стамевски, претставник на МСУ.
Во договорот се поставени основните постулати за воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу МСУ и ЦНМБ.