Делегација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ заедно со соработникот на универзитетот, проф. д-р Хозе Караско од Универзитетот „Крал Хуан Карлос“ од Мадрид во Шпанија остварија средба со Н.Е. Емилио Лоренцо Сера Амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија и со г-дин Јорди Лоренс Каратала заменик-шеф на мисијата и конзул.
Амбасадорот беше запознат со наставните програми и партнерската соработка со други универзитети на МСУ, по што тој ја поздрави идејата МСУ да склучи договор за соработка со шпанскиот универзитет „Крал Хуан Карлос“ од Мадрид што ќе овозможи трансфер на знаење и искуства помеѓу студентите и наставниот кадар од двата универзитета.
Славјанскиот Универзитет „Г. Р. Державин“ од наредната академска година официјално ја започнува програмата Еразмус плус за размена на студенти со странски универзитети, меѓу кои Шпанија се вбројува во посакуваните и актуелни академски средини, што би нудело можности за заеднички проекти и соработка.
Амасадорот Емилио Лоренцо Сера иницираше отворена соработката помеѓу Амбасадата на Кралството Шпанија и нашиот универзитет во областа на културата и образованието, со што се побара заедничка соработка во одбележување на културните настани кои ќе претставуваат промоција на културните вредности помеѓу овие два народa.
МСУ со задоволство ќе учествува во одбележувањето на културниот проект од областа на кинематографијата во настанот Недела на шпанскиот филм кој ќе се одржи од 21 – 27 ноември во Скопје и Битола.
Средбата беше во срдечна и пријателска атмосфера и се оствари во Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |