Тоше Стојановски и Лулзим (Луи) Адили се првите студенти кои се запишаа на последипломските студии по Бизнис и организација кои Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ги организира заедно со Економскиот факултет при Универзитетот од Љубљана. Тоше Стојановски има дипломирано во Берлин, Германија на Економски и правен факултет Берлин.
Луи Адили е истакнат менаџер во компанија која работи во фармацевтската индустрија, но и во компанија која нуди услуги за обучување и тренирање на вработените за продуктивност и успех во бизнисот.
Економскиот факултет при Универзитетот од Љубљана е првиот и моментално единствениот со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа со највисоките интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.
На програмата можат да се запишат студенти кои имаат завршено тригодишно (180 ЕКТС) или четиригодишно (240 ЕКТС) високо образование.
Уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Славјански Универзитет, согласно договорот за соработка. Официјален јазик на прогамата е англиски јазик.
Предавањата започнуваат во октомври 2018.