Во 2013-та година, нашиот партнерски универзитет од градот Тамбов, Русија, прослави 95-годишнина од своето постоење. По тој повод, во градот Тамбов, Русија, се одржаа разни од манифестации, на кои присуствуваше и делегација од нашиот универзитет, предводена директорот на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев.
На една од манифестациите, им беа доделени награди на оние луѓе кои помагаат во обликувањето на иднината на Тамбовскиот Универзитет, па така, на директорот на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев, му беше доделен сребрен медал како благодарност за неговиот придонес кон универзитетот.
Ректорот на Тамбовскиот државен универзитет, Владислав Михајлович доделува сребрен медал на директорот на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев
Му го честитаме 95-годишното постоење на нашиот партнерски универзитет и му посакуваме уште многу успешни години!
[g-gallery gid=”1969″ random=”0″ watermark=”0″]
Дознајте повеќе информации од сајтот на Тамбовскиот Универзитет:
http://tsutmb.ru/sluzhu-obrazovaniyu-i-nauke
http://tsutmb.ru/kompetentno-o-vyisshem-obrazovanii