Вечерва на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше отворена изложбата „Русите во Северна Македонија (1920-1940)“.
Амбасадорот на Руската Федерација во Р: Северна Македонија, Н.Е. Олег Шчербак, ја отвори изложбата која ќе биде поставена во просториите на Славјански до 13-ти март.
Изложбата е организирана од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Северна Македонија и дава претстава за животот на руските имигранти во Северна Македонија и за дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти. Во изработка на изложбата учествуваа Институтот за националната историја на Северна Македонија и Државниот Архив на Република Северна Македонија.