Денес во Битола пред споменикот „Руски крст“ се одржа свечена церемонија по повод професионалниот празник на рускиот дипломатски работник „Ден на руската дипломатија“.
Пред споменикот свежо цвеќе положија и Вонредниот и Ополномоштен амбасадор на Русија во Северна Македонија Н.Е. Олег Шчербак, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола г-дин Сергеј Самсоненко, претставници од дипломатскиот кор во Северна Македонија, претставници на организации помеѓу кои Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство во Република Северна Македонија, како и граѓани-почитувачи на работата на рускиот дипломатски работник.