Денес претставници од македонската делегација која ќе не претставува на 19-тиот Светски фестивал на млади и студенти во Сочи, Русија, беа примени во кабинетот на претседателот на Р. Северна Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов.
Од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ годинава имаме 7 учесници на овој фестивал, а македонската делегација брои околу 40 учесници.
Претставниците пред претседателот Иванов ги презентираа нивните идеи за фестивалот и начините на кои тие ќе ја претстават Р. Северна Македонија. Ова е прво учество на Р. Северна Македонија на овој фестивал. Славјански се грижи за подготвување на материјалите за претставување на Северна Македонија, дел од кои беа обезбедени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Освен во Сочи, дел од учесниците на фестивалот ќе имаат можност да посетат и други градови во Русија, од Владивосток на исток до Калининград на запад.
Деновиве делегацијата составена од амбициозни млади луѓе активно се подготвува за претставувањето на Р. Северна Македонија во Сочи, кое ќе се одвива преку поставување инфо штанд и учество на меѓународна изложба „Мировое соцветие“.
Фотографии:
Фејсбук страница ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА