Во моментот се игра второто коло од новогодишниот шаховски турнир на Славјанскиот универзитет во Битола. Во прекрасна натпреварувачка атмосфера, 49 натпреварувачи од повеќе од десет градови во Р. Македонија, ги мерат своите шаховски вештини. Денес ќе се изигра и четвртото коло, а после тоа има едукативна работилница. Утре, со почеток од 12 часот ќе се играат дополнителните 3 кола и симултанката со велемајсторот Влатко Богдановски.