Денес во Конференциската сала на Ресторан Москва беше отворена изложбата „Реинкарнација“ од Димитар Лазов – ЛАВ.
Ова е единаесетта по ред самостојна изложба од светиниколскиот уметник, кој досега има учествувано и на повеќе меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија и Бугарија.
Сликите ќе бидат изложени во Изложбениот хол на Славјански во Свети Николе.