Проф. д-р Борис Арсов во осмата епизода од поткастот „На студентско кафе со…“
3 август 2024Младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот Insclusive ACTions
10 август 2024Нашиот партнерски универзитет од Узбекистан Silk Road International university of Tourism and Сulturаl Heritage објавува повик за стипендирање на двајца студенти од Република Северна Македонија. Универзитетот е посветен на обучување експерти од областа на туризмот и управувување со културно наследство.
Универзитетот нуди две целосно финансирани магистерски стипендии за студенти од Република Северна Македонија за академската година 2024-2025 година, започнувајќи во септември 2024. Ги покануваме заинтересираните студенти да аплицираат и да започнат образовно патување што поттикнува меѓународна соработка и културна размена.
Достапни програми
Достапни области на универзитетот за магистерски програми:
- Логистика во туризмот;
- Туризам и угостителство;
- Музеологија, конзервација, реставрација и зачувување на објекти од културното наследство;
- Управување со културно наследство;
- Магистер по бизнис администрација (MBA);
- Археологија;
- Теорија и практика на архитектурата.
Стипендија
Стипендијата е обезбедена од партнерскиот универзитет и ќе ги покрие следните трошоци за студентите:
- Авионски билети во економска класа за пристигнување и заминување во Узбекистан секоја година;
- Стипендија во износ еквивалентен на 500 USD месечно, заедно со 100 USD месечно за трошоци за студентски дом;
- Двапати годишно, патувања до историските градови на Узбекистан каде студентите ќе се запознаат со историски места, архитектура, локални обичаи и традиции. Секој студент ќе добие 100 USD по патување за покривање на патните трошоци.
Аплицирање
Заинтересираните студенти можат да се пријават на следната апликација, по што ќе добијат повеќе информации како да ја спроведат нивната апликација до партнерскиот универзитет. Рокот за аплицирање е до 18 август 2024 година преку формата дадена на оваа страница.
Интервјуата со апликантите ќе се одржат во периодот до 20 септември 2024 година. Интервјуата ќе ги спроведува партнерскиот универзитет.
Апликацијата е затворена.
За универзитетот
Целта на Универзитетот е да обучува висококвалификуван кадар во областа на туризмот и културното наследство и е првиот државен универзитет во Узбекистан каде образовниот процес се одвива само на англиски јазик. Водечки меѓународни професори и наставници се вклучени во процесите на обучување на студентите, а има и сопствена практична HoReCa академија. Универзитетот тесно соработува со водечки универзитети во Азија, Европа, САД и други земји во областа на науката, иновациите и заедничките проекти.
Студентите на Универзитетот студираат во смарт кампус, опремен според стандардите на престижните високообразовни институции во светот. Комплексот вклучува хотелски соби, бар-ресторан, конференциска сала за 250 луѓе опремена со напредна технологија. Комплексот исто така има универзална спортска сала, базен и современа дигитална библиотека.