Денес, 8-ми мај 2021, со почеток од 20:00 часот се одржа вебинар на кој беше отворена Платформата за психолошка поддршка на МСУ. Со оглед на стресната ситуација предизвикана од КОВИД-19 во која веќе подолго време се наоѓаме МСУ одлучи овој период да биде со вас и да ви подаде рака. Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата, забавни настани и индивидуална поддршка од лиценцирани психолози.
Платформата ја отвори доц. д-р Ана Чучкова од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Едукативни вебинари. Програмата ќе понуди серија бесплатни едукативни вебинари кои се со стручни теми од психологијата и преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и начинот како да се справува во одредени ситуација.
Забавен дел. Покрај стручните вебинари платформата ќе понуди и забавен дел во кој ќе можете да учествувате преку Zoom. Во забавниот дел нудиме неколку настани во кои ќе можеме да се дружиме, да разговараме, да патуваме виртуелно, да погледнеме и дискутираме некој филм, да се смееме и да споделуваме позитивна енергија. Овој дел нуди атмосфера која има за цел да не ослободи од секојдневните грижи и загрижувачки мисли.
Консултации со психолози. Платформата ќе понуди и бесплатни консултации со лиценцирани психолози и професори со кои ќе можете лично да исконтактирате и да добиете соодветна поткрепа и насоки за ваш личен проблем. Се разбира, ние ви нудиме 100% дискретност.
По повод лансирањето на платформата во рамки на истиот настан се одржа и вебинар на тема „Слободната игра како еден од најважните фактори за здрав детски развој“ – доц. д-р Ана Чучкова.
Разговаравме за:
Наредните настани кои ќе се одржуваат можете да ги следите овде.