На ден 29.10.2021 година (петок) во Спортската сала „Цар Самоил“, г-дин Видан Насков, нашиот сограѓанин кој живее и работи во Шведска, на нашите ракометарки од ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет им подари спортска опрема и реквизити.
Му благодариме за овој убав гест. Во знак на благодарност нашиот клуб му додели плакета за досегашниот придонес за развојот на женскиот ракомет во нашиот град.