
Анастасија Сентовска студентка на Меѓународен Славјански Универзитет е најдобар стрелец во Првата лига
30 мај 2026
Претставник од Универзитетот Сингидунум од Србија во рамки на Erasmus+ програмата на Меѓународен Славјански Универзитет
1 јуни 2026Историски успех на тројца студенти на Меѓународен Славјански Универзитет на Светското првенство во куглање до 23 години во Австрија! Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски, студенти на Факултетот за технички науки и информатика при Меѓународен Славјански Универзитет, освоија сребрен медал во дисциплината ТАНДЕМ МИКС, постигнувајќи исклучителен резултат за македонското куглање.
Со сребрен медал од шампионатот се закити и Андреа Вељаноска, студентка на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет која заедно со Стефанија беа исклучителни во дисциплината ТАНДЕМ ЖЕНИ. Особена гордост претставува фактот што сите тројца медалисти се студенти на Меѓународен Славјански Универзитет, а нивниот успех претставува историско достигнување за македонското куглање и македонскиот спорт.
Нашите студенти успешно ги спојуваат студиите и врвните спортски достигнувања, достојно претставувајќи ги Македонија и МСУ на светската сцена. Честитки за Стефанија, Дарко и Андреа! Горди сме на вашиот успех и ви посакуваме уште многу спортски и академски победи во иднина.












