По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведуваме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнуваме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Дискусиите ќе се одвиваат онлајн преку платформата Zoom, и ќе траат по 2 часа, секој втор четврток од 21:00 часот. Линк до настанот на Фејсбук.
Првата дискусија ќе биде бесплатна и ќе се одржи на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“. За учество потребно е да се регистрирате преку платформата Zoom: линк за регистрација на Zoom.
Мудриот човек живее во хармонија со природата и со сопствениот разум, бидејќи така постигнува мир на душата.
За сите овие прашања ќе дискутираме заедно со вас во четврток, 3-ти декември од 21:00 часот.