
Студентски блог:Психологијата како пат од знаење кон самозапознавање-Зорица Бошиева
26 август 2026
Меѓународен Славјански Универзитет ќе учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Бангкок
27 август 2026Меѓународен Славјански Универзитет потпиша договори за соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и со Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија.
Договорите предвидуваат можност членовите на двете синдикални организации да студираат на факултетите при Меѓународен Славјански Универзитет под услови и со поволности утврдени во договорите.

Соработката опфаќа и можност за заедничко организирање обуки и активности за членовите и студентите, како и конференции, настани, едукативни содржини, семинари, работилници, предавања, истражувања и други заеднички активности.
Договорите во име на Меѓународен Славјански Универзитет ги потпиша проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на управен одбор, а во име на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија ги потпиша претседателот Благоја Ралповски.





