Успешно заврши настанот Денови на психологија

Киноверзум доаѓа во Штип
25 ноември 2022
Викторија Велкова од Канцеларијата за меѓународни односи зема учество на конференцијата организирана од страна на Националната Агенција
30 ноември 2022

Успешно заврши настанот Денови на психологија

Успешно завршија „Деновите на психологија“ на Меѓународен Славјански Универзитет. Денови на психологија е нашиот најголем онлајн настан кој традиционално се одржува секоја година. На 26 ноември 2022 (сабота) настанот започна со трибина на тема „Мотивација“ и беше проследен од над 500 учесници онлајн и со физичко присуство. Модератор на трибината беше Марјан Георгиевски, а негови гости беа Тоше Зафиров и Габриела Зафирова, бодибилдери и фитнес инструктори.

Следеа уште 4 предавања на кои се дискутираше на повеќе теми од областа на психологијата.

Проф. д-р Диана Белевска од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет говореше на тема „Индивидуални и семејни предизвици низ животните циклуси“.

Доц. д-р Ана Чукова од Факултетот за психологија при МСУ и основач на Деновите на психологија заедно со проф. д-р Елеонора Серафимовска и проф. д-р Маријана Марковиќ од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје говореа на темa „Важноста на доживувањето на сопствената нација врз менталното здравје“.

Доц. д-р Слаѓана Ангелкоска од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет говореше на тема „Сите сме ние херои на својот живот“, а Ласло Пинтер од Центарот за интегративен развој од Загреб говореше на тема „Потенцијални предности на телесната психотерапија“.

Настанот беше затворен со предавањето од Ана Андова, основач и поранешна претседателка на Комора на психолози на РМ во два мандати, која говореше на тема „Развој на човечки ресурси“. 

Се заблагодаруваме на сите учесници кои помогнаа да се создаде вистинската атмосфера за споделување на знаења, идеи, ставови.