Студенти од МСУ на семинар „Парламентот како основна институција на парламентарното право“
12 декември 2024Со Елена Стојанова Златева зборуваме Правото како насока во кариерата на младите во тринаесеттата епизода од поткастот „На студентско кафе со…“
17 декември 2024На Меѓународен Славјански Универзитет во Битола се одржа симулација на собраниска седница на која студентите дискутираа значајни теми од современото општество – економско-правните перспективи на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и човековите права како предуслов за развој на општеството.
Настанот привлече големо внимание кај студентите кои покажаа активно учество и извонредна подготвеност. Симулираната седница беше организирана од проф. д-р Јагода Митревска од Факултетот за правни науки, а беше модерирана од страна на проф. д-р Јагода Митревска и проф. д-р Емилија Ицоска од Факултетот за правни науки при МСУ и асс. м-р Филип Тасковски од Факултет за економија и организација на претприемништво.
Оваа иницијатива не само што го поттикнува развојот на практичните вештини кај студентите, но истовремено ја зацврстува мисијата на Меѓународен Славјански Универзитет како институција која ги поттикнува критичкото размислување и општествениот развој.