Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) на едногодишни и двегодишни последипломски студии и 180 ЕКТС (тригодишни студии) на двегодишни последипломски студии.
Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. При уплата на вкупната школарина при упис на академската година студентите добиваат попуст од 10%.