Школарина на додипломски студии
на Меѓународен Славјански Универзитет

Годишните трошоци за студирање на додипломски студии на Меѓународен Славјански Универзитет изнесуваат 1530 евра. Годишните трошоци се исти за сите студиски програми. Во сумата се вклучени годишна школарина од 500 евра, трошоци по ЕКТС во висина од 990 евра (60 ЕКТС х 16,5 евра) и уписнина во висина од 40 евра.

Студентите немаат други дополнителни трошоци за запишување и заверка на семестар, испити, проектни активности и членство во библиотека, освен пријава за испит која чини 50 денари.

Годишна школарина

за сите студиски програми на додипломските студии
1530 EUR
Вкупни трошоци на годишно ниво, изразени во евра*
  • Во сумата е вклучена годишна школарина од 500 евра
  • Вклучена е и уплата по ЕКТС од 990 евра (60 кредити х 16,5 евра)
  • Вклучена е и уписнина од 40 евра

Попусти
и начини на плаќање:

Студентите можат да направат уплата директно на трансакциската сметка на МСУ, онлајн преку Е-индекс или директно во Службата за студентски прашања (само со картичка). 

Понудени се попусти за различни категории студенти, како и опции за плаќање на рати. Годишните трошоци може да се платат на 4 рати:

  • прва рата (420 евра) при упис
  • втора рата (370 евра) до 15 декември
  • трета рата (370 евра) до 15 февруари
  • четврта рата (370 евра) до 10 јуни

За уплата на вкупните трошоци при уписот следува попуст од 10%. За останатите попусти и стипендиите Ве молиме посетете ја оваа страница. 

Во вкупните трошоци
за една година е вклучено:

  • Индекс
  • Запишување на семестар
  • Заверка на семестар
  • Пријавување на проектни активности (семинарски, есеи…)
  • Потврди од секаков вид
  • Сметка на Е-учење (бесплатни материјали и скрипти за предметите) и Е-индекс
  • Членство во библиотека
  • Документација за работа во странство како студент
  • Трошоци за студентска организација

Трошоци
за дипломска работа:

Вкупни трошоци:
15.500 денари

Во цената е вклучено:

Формирање комисија за одбрана

6000 денари

Издавање на диплома

3000 денари

Издавање на целосно уверение

1000 денари

Автореферат

1000 денари

Додаток на диплома

1500 денари

Објавување во билтен

600 денари

Подготовка и печатење на 5 примероци

2400 денари

Дополнителни
трошоци:

Пријава за испит 50 денари
Студентска легитимација 150 денари
Дневник за пракса 100 денари
Изгубен индекс 500 денари
Полагање диференцијален испит (за трансфер студенти) 3000 денари
Ненавремено пријавување испит 100 денари
Ненавремено заверување на семестар 500 денари
Предвремено подигнување на диплома 3000 денари
Делумно уверение 600 денари
Издавање дупло уверение 1000 денари
Издавање дупла диплома 3000 денари
Повторно запишување на отпишан студент 6000 денари
Комисиско полагање на предмет 3000 денари
Преполагање на предмет 3000 денари
Предвремено полагање на предмет 3000 денари
Полагање на предмет во друг термин 3000 денари
Полагање на предмет во ликвидациона (октомвриска) сесија 3000 денари

Постави
прашање

CAPTCHA image