На ден 22.11.2021 (понеделник) нашиот партнерски универзитет Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија организираше Меѓународен симпозиум на тема „Социјалната средина и личноста“ посветен на 25-годишнината од психолошкото образование во Тамбов.
На настанот се обрати проф. д-р Јордан Ѓорчев, Претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин, а свои излагања имаа доц. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Анита Ристеска, декан на Факултетот за психологија при МСУ.