На 15.03.2019 на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа обука на тема „Бучава во работна средина“.
Предавачи беа д-р Слободан Бундалевски од Факултетот за безбедносно инженерство при МСУ и м-р Тањица Трајчева, стручно лице за безбедност и заштита при работа. Програмата беше составена од неколку делови, кои вклучуваа стручни предавања на повеќе теми поврзани со бучавата.
Сите учесници добија Сертификат за учество, а учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа од Министерство за труд и социјална политика ќе бидат бодувани со 10 бода.