Милица Крстиќ и Катерина Чикош Суботиќ се гостинки во дванаесеттата епизода од поткастот „На студентско кафе со…“
7 декември 2024МСУ го одбележа Меѓународниот ден на човековите права
10 декември 2024Во големиот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа концерт во чест на дваесетгодишнината од формирањето на мандолинскиот оркестар „Св. Николај”. Настанот привлече бројна публика и гости од соседна Бугарија, кои ја збогатија музичката програма со своите настапи. Во преполната сала на универзитетот се чувствуваше вистинска уметничка магија, додека оркестарот и гостите ги изведуваа своите дела.
На настанот Меѓународен Славјански Универзитет доби благодарница за успешната соработка, што претставува значајно признание за поддршката и посветеноста во одржувањето на ваквите културни манифестации. Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен на унапредување на културниот живот во заедницата и поддршка на значајни уметнички настани.