Резултати од Новогодишниот ликовен и фото конкурс

Се одржа виртуелната изложба на најубавите новогодишни елки организирана од Институтот за култура и уметност при МСУ
30 декември 2020
Набавување на потребната литература за јануарската испитна сесија
4 јануари 2021

Резултати од Новогодишниот ликовен и фото конкурс

Почитувани учесници,

како што беше најавено, резултатите од Новогодишниот ликовен и фото конкурс ги објавуваме денес, на 31 декември. Пристигнаа 376 исклучително квалитетни ликовни дела, ракотворби и фотографии од талентирани сликари, ракотворци и фотографи од сите генерации. Поради големиот број квалитетни дела, наместо ветените 3 награди, комисијата одлучи да додели вкупно 35 награди и тоа:

  • 1 место – златна плакета + таблет
  • 2 место – сребрена плакета + комплет за сликање со платно
  • 3 место – плакета + комплет за сликање
  • од 4-то до 35-то место – електронски сертификат за пласирање во топ 35, книга од нашата официјална издавачка куќа, Меѓународен центар за славјанска просвета.

Сите останати учесници ќе добијат електронски сертификати за учество во тек на месец јануари. 

Виртуелната изложба на сите 376 пристигнати дела се одржа на 30-ти декември, со почеток од 19:00 часот.



Задачата на жирито не беше лесна, пред се поради фактот што делата кои пристигнаа беа од многу различни генерации. При оценувањето жирито се трудеше предвид да ги земе не само критериумите, но и возраста на учесниците. За секое од пристигнатите дела се трудевме да ја провериме оригиналноста, посебно за наградените дела.

Благодарни сме на сите што ги доставија нивните дела бидејќи знаеме колку е тешко да се твори во овие тешки времиња. Без разлика што не можеме да ги наградиме сите дела, би сакале да ви посакаме да не се обесхрабрувате, да продолжите да творите. Креативноста, инспирацијата, уметноста треба да бидат наши водилки во време на изолација бидејќи ни ја пружаат слободата која толку многу ни е потребна. Уметноста не поврзува со еден замислен свет во кој се е дозволено и се е возможно.

За изборот на наградените дела жирито се водеше од пораката која делата ја испраќаат. Во наградените дела можеше да се најдат силни пораки кои заслужуваат да бидат пренесени помеѓу сите генерации. Посебно ни е мило што со вашите дела придонесовте заеднички да го разубавиме крајот на 2020 која беше тешка година за многумина.

Во продолжение ги објавуваме имињата на наградените и нивните дела. Сите добитници на наградите ќе бидат контактирани во тек на месец јануари за доставата. 


1 место – Јана Бутеска, Скопје


Како елка која ја симболизира близината, љубовта и топлината, за најубава новогодишна елка ја избравме „елката“ на Јана Бутеска од Скопје. Најубавата елка е направена од збирот на убави емоции кои на многумина ни фалеа во 2020 година.


2 место – Константин Солак, Битола


Второто место припадна на Константин Солак и на неговата „елка подарена од срце“. Иако не го знаеме името на делото кое младиот уметник го насликал, како жири ја нарековме „Елката подарена од срце“. Најубавите работи се оние кои се прават од срце и затоа сметаме дека оваа елка заслужува да биде прогласена како една од најубавите новогодишни елки.


3 место – Гала Спиридонова, Скопје


Третата најубава елка потсетува на приказната за девојчето со кибритчиња и е насликана од Гала Спиридонова од Скопје. Оваа елка ја симболизира надежта за подобро утре, праќа силна порака за тоа дека треба да бидеме среќни и благодарни за она што го имаме и да научиме да го споделуваме со другите.


ТОП 35 – Менче Шалева, Кавадарци



ТОП 35 – Јована Петковска, Неготино



ТОП 35 – Маја Стојадиновска



ТОП 35 – Ивана Петрова, Битола



ТОП 35 – Орхидеја Ситракоска, Охрид



ТОП 35 – Симона Стојчева, Штип



ТОП 35 – Калина Секулоска, Прилеп



TOP 35 – Иван Милошев, Кавадарци



ТОП 35 – Бојана Гегоска, Прилеп



ТОП 35 – Иринеј и Доријан Трајковски, Прилеп



ТОП 35 – Илија Анѓелески, Охрид



ТОП 35 – Јоана Суклеска, Скопје



ТОП 35 – Лука Поповски, Битола



ТОП 35 – Марко Спировски, Битола



ТОП 35 – Матеј Цветковски, Радовиш



ТОП 35 – Викторија Димовска, Прилеп



ТОП 35 – Томислав Атанасовски, Битола


 


ТОП 35 – Мила Ѓорѓевска, Куманово



ТОП 35 – Тамара Огненоска, Кичево



ТОП 35 – Теодора Спасевска, Битола



ТОП 35 – Леа Андрееска, Прилеп



ТОП 35 – Ирена Василевска, Скопје



ТОП 35 – Матеја Колоска, Струга



ТОП 35 – Марија Кошевец, Кочани



ТОП 35 – Радица Стојкоска, Гостивар



ТОП 35 – Борче и Андреј Тодоровски, Скопје



ТОП 35 – Нина Пискунова – Виница



ТОП 35 – Светлана Ивановска, Скопје



ТОП 35 – Ели Поповска, Скопје



ТОП 35 – Матеа Колеска, Охрид



ТОП 35 – Ева Ангеловска, Скопје



TOP 35 – Анастасија Стонојоска, Македонски Брод



Сите добитници на наградите ќе бидат контактирани во тек на месец јануари за доставата на наградите.