
Аризона: Меѓународен Славјански Универзитет четврта година дел од Forbes Under 30 Summit во Феникс
22 април 2026
Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа во меѓународната BIP програма во Бугарија
24 април 2026Проф. д-р Марија Гроздановска, проректор за меѓународна соработка и развој при Меѓународен Славјански Универзитет деновиве престојува на Еразмус+ мобилност на Автономниот универзитет во Мадрид, кој е наш партнерски универзитет.
Во рамки на својата академска посета на еден од најреномирамните Правни факултети во Шпанија, таа одржа предавање за студентите од прв и втор циклус на тема „Спогодувањето во кривичното право“.
Покрај тоа, беше реализиран и стручен семинар со професори од областа на процесното право, при што проф. д-р Гроздановска ги запозна присутните со забрзаните постапки во Република Северна Македонија.
Активностите се одвиваа во духот на унапредување на меѓууниверзитетската соработка и размена на научни и наставни искуства.














