Проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска од МСУ деновиве е во посета на Универзитетот во Задар во Хрватска во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен и административен кадар.
На 21 септември беше остварена средба со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на Универзитетот во Задар. Мобилноста на проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска требаше да биде реализирана во тек на 2020 година, но истата беше спречена од Ковид-19 пандемијата. 15 месеци подоцна, нашата професорка (која сега е во пензија) успеа да ги реализира активностите кои ги предвидуваше Еразмус+ програмата.