На 20 мај 2022 (петок) проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ беше дел од отварањето на конференцијата „Управување со човечки ресурси – од кризни акции до визии за одржлив развој“ организирана од страна на Високата школа за безбедност и економика – Пловдив, Бугарија.
Конференцијата се одржа во Пловдив, Бугарија, а беше овозможено и онлајн учество.
На конференцијата учество земаа професори, студенти и докторанди од повеќе земји.
Од МСУ со свој труд насловен „Виртуелно лидерство – менаџирање од далечина” учествуваа проф. д-р Габриела Крстевска, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ и проф. д-р Љупчо Вчков, директор на Институтот за инженерска економија при МСУ, додека проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултетот за правни науки при МСУ и проф. Валентин Василев од Високата школа за безбедност и економика – Пловдив, Бугарија учествуваа со трудот „Предизвици за управување и развој на човечки ресурси – нови очекувања, клучни промени и добри практики“.