Во рамките на Филозофскиот Филмски Фестивал – 2016 во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“– Свети Николе беше прикажан францускиот филм „Еден маж и една жена“ во режија на Клод Лелуш.
Проекцијата се одржа на 09 јуни 2016 (четврток) во 19:00 часот, а беше организирана заеднички со Филозофско друштво на Македонија и Францускиот институт – Скопје.
Излагање на тема „Едноставно: Еден маж и една жена“ имаше и проф. д-р Денко Скаловски.
Влезот беше бесплатен за сите граѓани.