Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите во посета на Меѓународен Славјански Универзитет
20 септември 2024Нобеловецот Герард ‘т Хофт дел од Глобален образовен самит 2024 заедно со МСУ
30 септември 2024Националниот координатор за реформи во високото образование, проф. д-р Солза Грчева, оствари средба со претставници на студентските организации од државните и приватните универзитети во Република Северна Македонија. Од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа Софија Радончиќ, претседател на Здружение на студенти при МСУ и Ивана Станчева, претседател на Студентското собрание при МСУ.
Оваа иницијална средба имаше за цел да се отвори простор за меѓусебно запознавање и размена на идеи, како и да се дискутираат актуелните теми кои ги засегаат студентите. Во текот на дискусијата, беше потенцирано дека соработката со студентите е неопходна за постигнување подобро и поодржливо образование.
На средбата се разговараше за студентскиот стандард, квалитетот на наставата и вклученоста на студентите во научно-истражувачката работа. Проф. д-р Солза Грчева стави акцент на важни прашања како унифицирање на критериумите за напредување на професорите, модернизација на студиските програми и дигитализација на услугите на универзитетите.