
Претставнички од Istanbul Vocational School of Health and Social Sciences на Еразмус+ мобилност во МСУ
31 јули 2026Членовите на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет, Михаела Ѓорчева и Иван Спасев, пристигнаа во Филаделфија, Соединетите Американски Држави, каде што ќе учествуваат на Годишната конференција на Академијата за менаџмент – AOM2026.
Конференцијата претставува еден од најзначајните светски собири на научници, истражувачи и професионалци од областа на менаџментот и нуди можност за размена на најнови научни сознанија, искуства и современи практики.
Како нов член на Академијата за менаџмент, најголемото светско професионално здружение на научници од областа на менаџментот, Меѓународниот Славјански Универзитет со гордост е дел од овој значаен глобален настан.
Во рамките на конференцијата учествуваат и голем број реномирани издавачи на научни списанија, академски публикации и студии на случај, што создава дополнителни можности за воспоставување нови професионални контакти и развивање меѓународна академска соработка.
Присуството на претставниците на МСУ на AOM2026 ќе придонесе кон создавање нови партнерства, размена на знаења и искуства, како и пренесување нови идеи и перспективи во научно-истражувачката и образовната дејност на Универзитетот.
Со учеството на вакви престижни меѓународни настани, МСУ ја потврдува својата посветеност кон континуиран академски развој, интернационализација и унапредување на квалитетот во високото образование.









