
МСУ и „OneDrone Balkan“ потпишаа договор за отворање академија за пилоти на беспилотни летала
30 јули 2026
Претставници на МСУ на Годишната конференција на Академијата за менаџмент во Филаделфија
1 август 2026Во текот на оваа недела, Меѓународниот Славјански Универзитет беше домаќин на претставнички од административниот кадар на Istanbul Vocational School of Health and Social Sciences од Република Турција, кои престојуваа на мобилност во МСУ во рамките на програмата Еразмус+.
Во рамките на мобилноста учествуваа: Ајше Нур Емироглу, Џерен Озлем Кесмез, Езги Ѓучлу, Хатиџе Сабрли и Нургул Хаџиоглу коишто за време на престојот на нашиот универзитет остварија средби со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.

На средбите беа разменети искуства и добри практики во областа на високото образование, административното работење и меѓународната соработка.
Воедно, тие имаа можност одблиску да се запознаат со работата, организацијата, студиските програми и активностите на Меѓународниот Славјански Универзитет.
Денес, 31 јули, беше последниот ден од нивната мобилност на МСУ. На гостите им посакуваме многу успех во понатамошната работа и се надеваме дека стекнатите искуства ќе придонесат за продлабочување на соработката меѓу двете институции.
Ваквите мобилности во голем дел придонесуваат за унапредување на институционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и за создавање можности за реализација на идни заеднички активности.






