МСУ потпиша меморандум за соработка со Универзитетот ЕСРА
31 јануари 2014Дума.мк пишува за МСУ
20 февруари 2014Почитувани колеги,
Ве покануваме да земете учество на Петтата меѓународна научна конференција, која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Северна Македонија, во периодот од 25-ти до 26-ти април, 2014 година, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“.
Научни насоки на конференцијата:
- Политикологија, историја, лингвокултурологија
- Психологија и педагогија
- Економија
Воедно ве известуваме дека вашиот труд ке влезе во EBSCO (водечки светски агрегатор на електронски бази и банки на податоци, од високоцитирани научни списанија). Поради таа причина, Вашата статија мора да соджи наслов, апстракт и клучни зборови како на македонски, така и на англиски јазик.
Во прилог ги прикачуваме деталите за конференцијата, правилата за учество и начинот на пријавување. Како и секоја година, па така и сега, конференцијата е со меѓународен организациски одбор од следниве држави: Северна Македонија, Србија, Русија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Превземете го информационото писмо овде.