Денес во Ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново, Бугарија, беше остварена средба со Ректорот и проректорите на Универзитетот на која е договорена уште една голема придобивка за нашите сегашни и идни студенти.
Имено, договорено е формирање на оддел во рамките на нашиот универзитет кој ќе работи на заеднички програми за докторски и магистерски студии заедно со универзитетот од Велико Трново.
Делегацијата на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беше предводена од Деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски.
Повеќе од 15 програми за втор и трет циклус на студии наскоро ќе бидат достапни на МСУ во Св. Николе и Битола.