
На МСУ во Свети Николе се одржа работилница на тема „Заштита на жртвите на родово базирано насилство во Р. С. Македонија“
26 април 2023
МСУ на виртуелен самит во Шри Ланка „Вмрежување и соработка помеѓу Азија и Европа“
27 април 2023На 26 април 2023 година во просториите на Kromberg & Schubert во Битола беше одржан состанок помеѓу раководството на Меѓународен Славјански Универзитет и раководството на Kromberg & Schubert.
Од Меѓународен Славјански Универзитет на состанокот беа присутни проф. д-р Јордан Ѓорчев – претседател на Управен Одбор на МСУ, проф. д-р Љупчо Вчков – директор на Институтот за инженерска економија при МСУ и проф. д-р Живко Митревски – претседател на Сенатот при МСУ. Од Kromberg & Schubert присуствуваа Светлана Пејковска – Plant Administration Manager, Влатко Цековски – Plant Operation Manager, Ирена Ристевска – HR Manager и Сашо Коруновски – HSE officer.
На средбата фокусот беше ставен на разгледување на можностите за партнерство помеѓу универзитетот и компанијата како еден од најголемите работодавачи во Република Северна Македонија. Ова партнерство им обезбедува подобри можности на нашите студенти и наставен кадар. Со ова партнерство би се овозможила соработка со професионалци од индустријата, стекнување и размена на искуства и нови полиња за истражувања и развој.




