Нашата студентка Пулексенија Јованоска (каратистка) ќе учествува на Олимписките игри

Се одржа предавањето „Маркетинг и лидерство“ со м-р Сашо Нефовски (ОК Идеа) и Наде Темелковска (Нептун)
17 јуни 2021
Се одржа онлајн предавањето „Почетниот период на Големата Татковинска воjна“
21 јуни 2021

Нашата студентка Пулексенија Јованоска (каратистка) ќе учествува на Олимписките игри

Нашата студентка Пулексенија Јованоска (каратистка) е седмиот македонски спортист кој ќе учествува на Олимписките игри во Токио!

По бројните и големи успеси, Пулексенија сега ќе биде дел и од Летните олимписки игри во Токио. Таа на Олимписките игри ќе настапи во дисциплина кати.

Пулексенија Јованоска ќе настапи на 5 август 2021 во Нипон Будокан салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по јапонско време (3:00 наутро по македонско време).



Пулексенија е каратистка која години наназад успешно ја претставува нашата земја на меѓународни натпревари. Таа беше избрана и за најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година од страна на граѓанската организација Такт.

Со петто место се врати од Европското првенство за сениори 2019 во Гвадалахара, Шпанија кое се оддржуваше од 28 до 31 март 2019 година.



И посакуваме среќа на нашата студентка на Олимписките игри! За победа!