Стратешки одлуки за понатамошно поефикасно функционирање
24 ноември 2016Нашите „Державинци“ помеѓу наградените лауреати во Софија.
26 ноември 2016Денес во конференциската сала на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе беше промовирано најновото издание од нашата официјална издавачка куќа Меѓународен Центар за Славјанска Просвета – збирката поезија „Од душата’
„Од душата“ е првенец, двојазично поетско дело на Оливера Трајковска.
Песните се оригинално напишани на македонски јазик, а преведени на руски јазик од м-р Елена Силјаноска.
Промоцијата беше спој на поезија, музика и ликовна уметност, а промотори на книгата беа м-р Наташа Пешевска и Александар Алексов.
Програмата беше надополнета и со настапите на м-р Елена Силјаноска и рускиот вокален ансамбл „Чајка“, Александар Богдановски, Ирена Трајковска, Тина Трајковска, како и изложбата на Новица Трајковски.
Со своја точка се претставија и дечињата од Центарот за лица со посебни потреби – Св. Николе.