
Студентите на МСУ ќе реализираат пракса во Стопанска банка АД Скопје
18 јули 2026
Претставници од турските универзитети Окан и Бинали Јилдирим во Еразмус+ посета на МСУ
20 јули 2026Меѓународен Славјански Универзитет, минатиот викенд беше дел од 23. традиционален Пиво фестивал во Прилеп, една од поголемите летни манифестации во Македонија.
На промотивниот штанд на МСУ, бројни посетители имаа можност да се информираат за студиските програми, условите за упис, стипендиите и можностите што ги нуди нашиот универзитет. Заинтересираните средношколци и идни студенти добија одговори на сите прашања поврзани со студирањето и можностите за нивниот личен и професионален развој.
Со своето присуство на вакви големи јавни настани, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да биде меѓу младите, претставувајќи ги можностите за квалитетно високо образование и успешен почеток на професионалната кариера.
Организаторите на Пиво фестивал во Прилеп овозможија тридневна музичка програма со настапи на популарни музички имиња од Македонија и Балканот, а воедно, фестивалот привлече голем број посетители од земјава и странство.
Покрај богатата музичка програма, Пиво фестивалот е препознатлив и по прилепската скара и добрата атмосфера, со што останува да биде една од поголемите традиционални манифестации во градот под Марковите Кули.









