
Меѓународен Славјански Универзитет се приклучи на иницијативата „Да го заштитиме нашето Водно“
13 јули 2026
Студентите на МСУ ќе реализираат пракса во Стопанска банка АД Скопје
18 јули 2026Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше домаќин на Неговата Екселенција, Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во Северна Македонија.
На средбата присуствуваа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, м-р Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор и Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар на Универзитетот.

Во текот на средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на можностите за унапредување на академската, образовната и културната соработка, како и за идни заеднички иницијативи меѓу Универзитетот и институциите на Република Австрија.
Посебно внимание на средбата беше посветено на списанието „Балканиум“, издание на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.
На Неговата Екселенција Мартин Памер му беа претставени концептот, содржината и значењето на публикацијата, која што претставува платформа за афирмација на академската мисла, научните истражувања и културното наследство на Балканот.
Посетата претставуваше уште една потврда за заложбата на Меѓународен Славјански Универзитет за градење и јакнење на меѓународните партнерства, преку развој на академска дипломатија, меѓуинституционална соработка и размена на знаења и искуства.
Меѓународен Славјански Универзитет изразува благодарност до Неговата Екселенција, Мартин Памер, за посетата, конструктивниот разговор и подготвеноста за понатамошна соработка, со уверување дека оваа средба ќе придонесе за реализација на нови заеднички активности во иднина.







