Инстаграм ликовен и фото конкурс – Мојата Еразмус+ визија
„Мојата Еразмус+ визија“ е ликовен и фото конкурс кој ќе биде отворен за сите генерации. Конкурсот ќе биде спроведен преку Инстаграм. Преку овој настан сакаме да ги запознаеме сите генерации на граѓани со Еразмус+ програмата и да ги поттикнеме да се вклучат со свои идеи. Во организацијата на овој настан ќе биде вклучен и инситутот за култура и уметност при МСУ.
Услови за учество
Конкурсот се спроведува на Инстаграм.
Темата на конкурсот е „Мојата Еразмус+ визија“. Учесниците треба да подготват дело кое ги отсликува нивните позитивни очекувања од Еразмус+ програмата, нивните идеи и сл.
Учесниците можат да учествуваат со фотографии, колажи од фотографии или трудови направени на секој вид хартија, картон и сл, и во било која техника (акварел, гваш, боички, пастел итн.).
Секој учесник може да учествува на конкурсот со едно дело.
Дозволено е учество на сите генерации.
Дела кои веќе учествувале на други конкурси не се дозволени.
Делата треба да бидат со добар квалитет и висока резолуција.
Како да учествувате
Учесниците ги прикачуваат нивните дела како фотографии на нивниот Инстаграм профил користејќи ја опцијата приказна (story). Учесникот треба да го означи Инстаграм профилот на МСУ – @slavjanskiuniverzitet и да го додаде хаштагот #ErasmusDays
Потоа, ние во истиот ден ги објавуваме делата во форма на приказна (story) на истиот Инстаграм профил, како и на Фејсбук профилот на МСУ.
Критериуми
Жирито ќе ги оценува делата според следните критериуми:
соодветност на темата – 40%
техника на реализирање на делото – 30%
оригинална идеја и креативност – 30%
За оценување на делата ќе се формира стручно жири кое ќе прогласи тројца победници.
Награди
Ќе бидат селектирани тројца победници кои ќе добијат:
1 место – златна плакета + МСУ и Еразмус+ комплет (шолјичка за чај, маица, магнет, мауспад).
2 место – сребрена плакета + МСУ и Еразмус+ комплет (шолјичка за чај, маица, магнет, мауспад).
3 место – плакета + МСУ и Еразмус+ комплет (шолјичка за чај, маица, магнет, мауспад).
Времетраење
Конкурсот започнува на 25 септември и трае до 15 октомври. Виртуелна изложба и објавување на резултатите ќе се одржи на 16 октомври од 12:00 часот.