
OneDrone Академија: Отворени пријави за обука за пилотирање со дронови (A1, A2, A3)
6 август 2026
Две стипендии за магистерски студии на „Silk Road“ University во Самарканд
19 август 2026Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет денес присуствуваа на работен ручек со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џијанг Сјаојан, на кој се разговараше за академска и деловна соработка, современи технологии и можностите за нивна практична примена во процесот на едукација.
На средбата присуствуваа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор, Иван Спасев, член на Управниот одбор, како и Дејан Гавриловски, генерален директор на OneDrone Македонија, официјален дистрибутер на DJI дронови и дополнителна опрема поврзана со дроновите.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на соработката меѓу Меѓународен Славјански Универзитет и OneDrone Македонија, во чии рамки заеднички се организираат професионални обуки за пилотирање со дронови. Разговорите беа насочени кон развојот на едукацијата и практичната примена на дрон-технологијата, како и кон создавање стручен кадар за нејзина одговорна употреба во области како геодезија и мапирање, земјоделство, инфраструктура, јавна безбедност, заштита и спасување, безбедност од пожар и индустриски инспекции.
Средбата беше и можност да се разговара за понатамошна академска соработка со високообразовни институции од Народна Република Кина, по посетата на претставници на Меѓународен Славјански Универзитет на Универзитетот Шјиамен (Xiamen University).
Целта е создавање услови за заеднички истражувања преку користење на дрон-технологијата и дополнително поврзување на академското знаење со современите технолошки решенија и нивната практична примена.



