М-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на Меѓународен Славјански Универзитет е на листата Forbes 30 Under 30 – Europe во која Форбс истакнува по 30 најдобри претприемачи, активисти, научници до 30 години во 10 категории.
На истата листа (Entertainment) е и италијанската група Манескин, како и актерката Simone Ashley, позната по својата улога во една од најгледаните серии на Netflix – Bridgerton. Михаела Ѓорчева е дел од листата како сопственик на Киноверзум, првото приватно кино во сопственост на жена и водено од жена во Република Северна Македонија. Киноверзум е дел од кампусот на МСУ во Свети Николе. Киноверзум досега има прикажано повеќе од 180 филмови со над 1.500 проекции од отворањето во 2019 година.