Почитувани колеги,
Ве известуваме дека на покана на здружението „ЦИВИТАС“ и Советот на млади на Општина Штип, на 10 септември, среда, во Големата сала на Општина Штип, професори од Славјански ќе гостуваат како предавачи од областа на безбедноста и заштитата при работа.
Централната тема на која ќе се говори ќе биде:
„Личноста и безбедноста при работа во организацијата“
Ќе предаваат:
– Асс. Тањица Трајчева (стручно лице по безбедност при работа) ќе ја запознае публиката со безбедноста и заштитата при работа како поими и нивна имплементација, говорејќи на следнава тема: „Интензивирање на примена на методите и мерките за безбедност при работа“.
– Проф. Вангелица Маџунова Гаврилова (психотерапевт) ќе говори за психолошките ефекти кај вработените, поконкретно на следнава тема: „Влијание и превенција кај психоневрозите врз апсентизмот и повредите при работа во современ менаџмент“.
– Проф. д-р Никола Поповски, ќе ја запознае публиката со„Некои економски аспекти на безбедноста при работа“.
Стручното предавање ќе се одржи на 10 септември, среда, во Големата сала на Општина Штип, со почеток од 12:00.