Почитувани студенти,
Ве известуваме дека вториот колоквиум ќе се одржи од 01 до 10 јуни. Колоквиумите ќе се одржат онлајн во термините на досегашнте предавања. Колоквиум може да полагаат само редовните студенти.
Доколку некои од студентите не можат да го направат тестирањето онлајн ние ќе имаме разбирање и ќе понудиме нов термин, откако Универзитетот ќе започне со редовна работа.
Дополнително, Ве известуваме дека Јунската сесија ќе се одржи со физичко присуство на кампусите во Свети Николе и Битола. Подетални информации за пријавувањето и одржувањето на испитите ќе бидат објавени на 30-ти мај на страната на е-учење на МСУ.
Услови за тестирање
Условите ќе бидат исти како и претходниот колоквиум, Ве потсетуваме на условите за тесритањето:
- колоквиуми полагаат редовни студенти
- камерата и микрофонот да бидат вклучени за време на полагањето, во спротивно истото ќе биде поништено
- тестовите кои би се користеле за испитите, би биле open-book, односно, за нивно решавање студентите би можеле да ја користат литературата што им е на располагање, како и нивните сопствени белешки
- ова значи дека тестовите би се состоеле од неколку прашања кои би требало да се одговараат во форма на кратки есеи, со аргументирање на одговорите*
- пополнетиот тест да се испрати до професорот во рамки на договореното време
- квалитетот на вашите одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примените знаењето за областа во која се тестирате
- доколку има други детали кои професорите сметаат дека се потребни за успешно да се спроведе тестирањето по нивните предмети ќе бидете известени директно од професорите.
Потсетување како ќе се спроведе тестирањето? – чекор по чекор
- Колоквиумот по определен предмет ќе се одржи во времето кога има закажано предавање за истиот. (На пример во 10:00 часот)
- Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom.
- Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги повторува условите за полагање.
- Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
- Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
- Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
- Имате ограничено време за да го решите тестот (може 90 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
- Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
- Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
- Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
- Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.
Корисни информации
- Повеќето од прашањата би се одговарале во форма на есеј.
- Професорот ќе го прегледува и оценува секој тест поединечно, како и во редновна постапка. Тестот не се оценува директно од онлајн платформата.
- Тестирањето да биде спроведено преку open-book тестови (или тестови со отворена книга), чии одговори не можат едноставно да се препишат од некаде. Бидејќи тестовите ќе имаат ограничено време студентите што се немаат подготвено претходно нема да имаат време да „листаат низ литературата“. Сите прашања ќе бидат така формулирани, да бараат длабоко познавање на материјата и нејзина имплементација.
- На онлајн платформата ќе бидат вклучени сите студенти со конференциска врска и камери. Камерата ги забележува движењата на студентите постојано и невозможно е да има лажно претставување.
- Информации за набавка на литературата за колоквиумите.