Денес, 18-ти мај 2015-та година, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола паралелно се одржа изложбата насловена „70 години победа“.
На изложбата беа изложени ретки фотографии од Втората светска војна, како и од славењето на победата над фашизмот. Исто така беа изложени и постери изработени за време на војната.
На изложбата во Св.Николе се обрати Михаил Лушин, претставник на Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија, а за отворена ја прогласи г-дин Зоран Тасев, градоначалник на Општина Свети Николе.
Во Битола, се обрати Проректорот на Универзитетот проф. д-р Кети Несторовска, а изложбата за отворена ја прогласи Даринка Крстанова – почесниот конзул на Руската Федерација во Р. Северна Македонија.
Повеќе фотографии од изложбата можат да се видат во албумот на нашиот фејсбук профил.