Студиска програма
Софтверски технологии (стара програма)

INF-24~1

Тригодишни студии

Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран по (насока: Софтверски технологии)
Годишна школарина: 1230 евра

Софтверските технологии се однесуваат на дизајнирање, развивање и користење комплексни информатички системи. Програмирањето, компјутерското и софтверското инженерство се еднакво акцентирани во наставата и преку низа практични вежби и задачи ќе можете да добиете познавања од овие области.

Од системите се очекува да функционираат правилно во секое време и да бидат флексибилни. Токму овде настапува Вашата кариера како дипломец од студиската програма Софтверски технологии.

Додипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Предметите ги запознаваат студентите со основните концепти на програмирање и алгоритамски начин на размислување за решавање на проблеми, архитектурата на компјутерските системи и начинот на нивното функционирање, начини на реализирање ГИС проекти, веб дизајн… Студиите се во траење од три години, а по дипломирањето студентите се стекнуваат со 180 ЕКТС кредити.

Генерално, студиската програма ги подготвува студентите за кариерата како софтверски инженери или софтверски архитекти во контекст на софтверското инженерство. Притоа, со помош на домашни задачи, студентите ќе имаат можност да ги вежбаат научените работи и да се усовршуваат. Ќе знаат како се креираат компоненти и како се употребуваат во софтверскиот развој.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

Програма
тригодишни студии

1 семестар

  • Основи на програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Апликативни програми
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Математика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Алгоритми и структура на податоци
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Англиски јазик
    Изборен

    6 ЕКТС

2 семестар

  • Компјутерска архитектура
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Објектно програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Просторни информациски системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Основи на економија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на информатика
    Изборен

    6 ЕКТС

3 семестар

  • Создавање на WEB сајтови
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Софтверско инженерство
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Анализа на софтверски потреби
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Математика 2
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Компјутерски мрежи
    Изборен

    6 ЕКТС

4 семестар

  • Интернет технологии
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Управување со IT проекти
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Софтверска ергономија
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Апликативни ГИС програми
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

5 семестар

  • Интернет програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Бази на податоци 1
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Конструкција на софтвер
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Оперативни системи
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Компјутерска графика
    Изборен

    6 ЕКТС

6 семестар

  • Проектна работа
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Визуелно програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Бази на податоци 2
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Вештачка интелигенција
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Системски софтвер
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image