Студиска програма
Казнено право

pravni-nauki-poslediplomski-msu (2)

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Казнено право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – казнено право
Годишна школарина: 1530 евра

Современите трендови на најголемиот број правни факултети во светот за изучување на казненото право се во директна корелација со статистичките податоци кои одат во прилог дека процентот на криминогени однесувања бележи значителен пораст на глобално ниво.

Од тие причини Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет воведе специјализирана студиска програма за изучување на оваа фундаментална и комплексна дисциплина која опфаќа аспекти на меѓународно казнено право и криминалистика. Предметите како Човекови права и кривична правда, Организиран криминал и Детско престапништво нудат дополнителна специјализација и фокусирање на специфични предизвици и подрачја на интерес за студентите, овозможувајќи им да развијат вештини за работа на комплексни и современи криминални феномени.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма ќе се стекнат со проширено теоретско познавање на казненото право и вештини за негова практична примена пред правосудните органи, јавното обвинителство и други институции кои имаат истражни овластувања. По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.

Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.

Покрај успешно полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на студиите и стекнување со стручен назив Магистер на правни науки – казнено право.

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Споредбено казнено право
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Криминалистика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Меѓународно казнено право
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Човекови права и кривична правда
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Организиран криминал
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Детско престапништво
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Академско пишување
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Судско право
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Забрзани постапки
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Криминологија и криминална политка
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image