Студиска програма Правни студии (стара програма)

Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Правни студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 42
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1530 евра
Студиската програма Правни студии им овозможува на студентите да се стекнат со напредни познавања од областа на правото и по завршувањето да се стекнат со титулата дипломиран правник.
Нашиот Факултет за правни науки им помага на студентите да ги добијат потребните знаења и да ги усовршат потребните вештини за да бидат подготвени за вклучување во реалните работни процеси и истовремено да ги развијат нивните научно-истражувачки потенцијали и креативност.
 
                Додипломски студии
Студиската програма на првиот циклус правни студии, односно додипломските студии е со траење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 42 предмети кои по дипломирањето обезбедуваат 240 ЕКТС кредити.
Студиската програма нуди широк спектар на предмети кои опфаќаат основни области како уставно право, граѓанско право, судско право, како и други специјализирани области како меѓународно право, права на човекот и право на информатичка технологија.
Сите предвидени предмети се дополнуваат со практични вежби, практична настава и активна улога во мултидисциплинарни проекти, што ги подготвува студентите со искуства кои се важни за нивната кариера.
Програма четиригодишни студии
1 семестар
- 
							Теорија на државата и правотоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Историја на правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Римско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Академско пишувањеЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Англиски јазик / Руски јазикСе избира 1 изборен предмет6 ЕКТС 
2 семестар
- 
							Уставно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Право на информатичка технологијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Општ дел на граѓанско право и стварно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Јавна и државна администрацијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Основи на економијаЗадолжителен6 ЕКТС 
3 семестар
- 
							Семејно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Право на Европска УнијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Трудово правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Административно право и административна постапкаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Современи политички системиЗадолжителен6 ЕКТС 
4 семестар
- 
							Меѓународно јавно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Казнено правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Социјално правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Облигационо правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Наследно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
5 семестар
- 
							Финансии и финансово правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Право на интелектуална сопственостЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Трговско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно право за правата на човекотЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							ПенологијаЗадолжителен6 ЕКТС 
6 семестар
- 
							Меѓународни организацииЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Електронска трговијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно дипломатско и конзуларно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Организиран криминалЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Даночно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
7 семестар
- 
							Судско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Граѓанско процесно право – парничноЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно воено и хуманитарно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
Се избираат три изборни предмети од следнава листа:
- 
							Методологија на истражувањеИзборен4 ЕКТС 
- 
							Управно судствоИзборен4 ЕКТС 
- 
							КриминологијаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Трудово право – применета програмаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Казнено право – применета програмаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Меѓународно право – применета програмаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Земјишно-книжно правоИзборен4 ЕКТС 
- 
							Економско казнено правоИзборен4 ЕКТС 
- 
							Организациско однесувањеИзборен4 ЕКТС 
8 семестар
- 
							Казнено процесно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Вонпарнично и извршно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно приватно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
Се избираат три изборни предмети од следнава листа:
- 
							Менаџмент со човечки ресурси во јавната администрацијаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Ергономија на работно местоИзборен4 ЕКТС 
- 
							Корпоративно управувањеИзборен4 ЕКТС 
- 
							Компјутерски криминалИзборен4 ЕКТС 
- 
							Посебни казнени постапкиИзборен4 ЕКТС 
- 
							Граѓанско право – применета програмаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Политики на Европска УнијаИзборен4 ЕКТС 
- 
							Нотарско правоИзборен4 ЕКТС 
- 
							Европско казнено правоИзборен4 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


