Студиска програма Менаџмент и претприемништво (стара програма)
Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Менаџмент и претприемништво
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист (насока: Менаџмент и претприемништво)
Годишна школарина: 1230 евра
Менаџмент и претприемништво е нова студиска програма на Факултетот за економија и организација на претприемништво, која доаѓа како наследник на студиската програма со најмногу запишани студенти – Менаџмент на организација. Студиите се со времетраење од четири години, односно осум семестри.
На студиската програма Менаџмент и претприемништво како студенти ќе бидете запознаени со основите на менаџментот, бизнис стратегиите, психологијата на бизнис, менаџментот со човечки ресурси, но ќе изучувате и предмети од економијата кои ќе ви бидат значајни за менаџирањето на компаниите или организациите каде ќе работите во иднина.
Додипломски студии
Предметите од оваа студиска програма ќе ви дадат јасна слика за менаџерските функции, улоги, одлуки и вештини. Детално ќе ги проучите сите менаџерски функции – планирање, организирање, раководење и контролирање. Ќе се посвети внимание на решавањето на проблеми и донесување одлуки, справување со организациски конфликти и управување во кризни ситуации. Преку вежби, како идни менаџери ќе бидете запознаени со повеќе начини на тимска работа и воспоставување и одржување на комуникацијата и соработка со експерти од разни области.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од можните два изборни предмети, студентите избираат само еден. Од можни три предмети, се избираат два предмети. Од можни четири предмети, студентите избираат само два.
Откако ќе дипломирате ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист и диплома што отвора широк спектар на можности за вработување и градење на успешна кариера.
Програма четиригодишни студии
1 семестар
-
МикроекономијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Математика за бизнисЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Основи на менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Англиски јазик 1Задолжителен
6 ЕКТС
-
Деловна етикаИзборен
6 ЕКТС
-
Информациони системиИзборен
6 ЕКТС
2 семестар
-
МакроекономијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Принципи на сметководствоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
СтатистикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Англиски јазик 2Изборен
6 ЕКТС
-
Вовед во бизнисИзборен
6 ЕКТС
-
Деловно комуницирањеИзборен
6 ЕКТС
3 семестар
-
Принципи на маркетингЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ПретприемништвоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Трговско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Руски јазик 1Задолжителен
6 ЕКТС
-
Менаџерска економијаИзборен
6 ЕКТС
-
Монетарна економијаИзборен
6 ЕКТС
4 семестар
-
Јавни финансииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Организациско однесувањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Финансиско сметководствоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Маркетинг политика на цениИзборен
6 ЕКТС
-
Руски јазик 2Изборен
6 ЕКТС
-
Психологија на бизнисИзборен
6 ЕКТС
5 семестар
-
Менаџмент на човечки ресурсиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Проектен менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Деловно планирањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Оперативен менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Портфолио менаџментИзборен
6 ЕКТС
-
ОсигурувањеИзборен
6 ЕКТС
6 семестар
-
Меѓународен менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Стратегиски менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Финансиски менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Управување со ризициИзборен
6 ЕКТС
-
Анализа на финансиски извештаиИзборен
6 ЕКТС
-
Стратегиски маркетингИзборен
6 ЕКТС
7 семестар
-
Маркетинг менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Кризен менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Сметководство на деловен менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Е-бизнисЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Менаџмент на мал бизнисИзборен
6 ЕКТС
-
ЛогистикаИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Инвестициски менаџмeнтЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Менаџмент на промениЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународни економски односиИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународна трговијаИзборен
6 ЕКТС
-
Банкарски менаџментИзборен
6 ЕКТС
-
РевизијаИзборен
6 ЕКТС
-
Дипломска работаЗадолжителен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.