Менаџмент и претприемништво (4+1)


Студиска програма Менаџмент и претприемништво (4+1)


Име на студиската програма: Менаџмент и претприемништво
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист (насока: Менаџмент и претприемништво)
Годишна школарина: 1230 евра


Менаџмент и претприемништво е нова насока на додипломските студии на Славјански, а студиите траат четири години, односно осум семестри.

На насоката Менаџмент и претприемништво како студент ќе бидете запознаени со основите на менаџментот, бизнис стратегиите, психологијата на бизнис, менаџментот со човечки ресурси, но ќе изучувате и предмети од економијата кои ќе ви бидат значајни за менаџирањето на компанијата или организацијата каде ќе работите во иднина.



Предметите од оваа насока ќе ви дадат јасна слика за менаџерските функции, улоги, одлуки и вештини. Детално ќе ги проучите сите менаџерски функции – планирање, организирање, раководење и контролирање. Ќе се посвети внимание на решавањето на проблеми и донесување одлуки, справување со организациски конфликти и управување во кризни ситуации. Преку вежби, како идни менаџери ќе бидете запознаени со повеќе начини на тимска работа и воспоставување и одржување на комуникацијата и соработка со експерти од разни области.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од можните два изборни предмети, студентите избираат само еден. Од можни три предмети, се избираат два предмети. Од можни четири предмети, студентите избираат само два.

Откако ќе дипломирате ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист и диплома што отвора широк спектар на можности за вработување и градење на успешна кариера.


Наставна програма • четиригодишни студии


 

Факултет за eкономија и организација на претприемништво
Студиска програма: Менаџмент и претприемништво
Дипломиран економист
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Микроекономија Задолжителен 6 180
2 Математика за бизнис Задолжителен 6 180
3 Основи на менаџмент Задолжителен 6 180
4 Англиски јазик 1 Задолжителен 6 180
5 Деловна етика Изборен 6 180
6 Информациони системи Изборен 6 180
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Макроекономија Задолжителен 6 180
8 Принципи на сметководство Задолжителен 6 180
9 Статистика Задолжителен 6 180
10 Англиски јазик 2 Изборен 6 180
11 Вовед во бизнис Изборен 6 180
12 Деловно комуницирање Изборен 6 180
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Принципи на маркетинг Задолжителен 6 180
2 Претприемништво Задолжителен 6 180
3 Трговско право Задолжителен 6 180
4 Руски јазик 1 Задолжителен 6 180
5 Менаџерска економија Изборен 6 180
6 Монетарна економија Изборен 6 180
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Јавни финансии Задолжителен 6 180
8 Организациско однесување Задолжителен 6 180
9 Финансиско сметководство Задолжителен 6 180
10 Маркетинг политика на цени Изборен 6 180
11 Руски јазик 2 Изборен 6 180
12 Психологија на бизнис Изборен 6 180
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Менаџмент на човечки ресурси Задолжителен 6 180
2 Проектен менаџмент Задолжителен 6 180
3 Деловно планирање Задолжителен 6 180
4 Оперативен менаџмент Задолжителен 6 180
5 Портфолио менаџмент Изборен 6 180
6 Осигурување Изборен 6 180
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Меѓународен менаџмент Задолжителен 6 180
8 Стратегиски менаџмент Задолжителен 6 180
9 Финансиски менаџмент Задолжителен 6 180
10 Управување со ризици Изборен 6 180
11 Анализа на финансиски извештаи Изборен 6 180
12 Стратегиски маркетинг Изборен 6 180
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Маркетинг менаџмент Задолжителен 6 180
2 Кризен менаџмент Задолжителен 6 180
3 Сметководство на деловен менаџмент Задолжителен 6 180
4 Е-бизнис Задолжителен 6 180
5 Менаџмент на мал бизнис Изборен 6 180
6 Логистика Изборен 6 180
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Инвестициски  менаџмeнт Задолжителен 6 180
8 Менаџмент на промени Задолжителен 6 180
9 Меѓународни економски односи Изборен 6 180
10 Меѓународна трговија Изборен 6 180
11 Банкарски менаџмент Изборен 6 180
12 Ревизија Изборен 6 180
13 Дипломска работа Задолжителен 6 180

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1639275336083206/


CAPTCHA image